Во Centre Pompidou, музејот на модерната уметност во Париз, во тек е 35 годинишна ретроспективна изложба на американскиот 60 годишен уметник Џеф Кунс. Изложбата ќе трае до 27 април оваа година.
На изложбата се представени скуплтури како балон животни, произведени во нерѓосувачки челик, со огледало финиширани површини, порцеланската скулптура на Мајкл Џексон со неговиот мајмун љубимец, скулптурата на Пинк Пантер, скулптурата Жена во када, зајакот од челик, како и полупорнографски слики со неговата поранешна жена, порно звездата La Cicciolina.
Тој е еден од најконтраверзните уметници на деншнината, наречен “крал на кичот”. Било како, тој е најпознат, најскап и најпопуларен жив уметник во Америка. Едни го слават како вешт промотер на своите дела, кој умее обичните нешта и предмети од секојдневниот живот како играчките, подароците, евтините украси да ги трансформира и промовира како висока уметност, а изложбите патуваат низ целиот свет привлекувајќи големо внимание.
Погледнете дел од неговите дела од изложбата во Париз