97800071826572Типично за Вајсбергер – доведување на читателот до состојба на убедување дека моќта апсолутно го диктира светот во сите можни бранши, за подоцна суптилно да не увери во спротивното.
Не е злато се’ што сјае.

Напуштањето на долгогодишната и рутинска работа на Бет која го убива во поим секој обид за креативитет води кон уживање во, всушност, (не)барањето нова работа. По сплет на околности, Бет влегува во сосема нов и неистражен свет, вработувајќи се како организатор на забави во Kelly & Company, најпознатата PR агенција во Менхетен. Новата работа и новите контакти диктираат промена на стилот на живеење – од незаинтересирана девојка која се гуши во сопственото секојдневие, Бет се преобразува во самоуверена икона во светот на славните. Случајно… станува таргет на интерес на фамозниот и недопирлив, Филип Вестон – адвокат чие име е застапено во сите медиуми.

Она што Бет не успева да го сфати е како успева таков контроверзен бог да ја одбере неа? Она што пропратно ќе го увиди е дека на женското срце не му се потребни совршени мускули, неодолива насмевка, несекојдневен смисол за хумор и во крајна линија, скандалозно минато… но сеедно, вреди да се имаат контакти од таква категорија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЏеф Кунс со изложба во Париз!
Следна објаваСтил и комфор во 39м2
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ