269407_141505185924794_7275814_nМодата е состојба на умот, прашање на избор, категорија на живот.

Детинесто ќе си признаеме: уште од мали нозе како девојчиња (момци извинете, оваа книга дефинитивно не се однесува на Вас), сонувавме за светот на гламурот, модата, дизајнерските парчиња и вртоглавите потпетици. Сето ова станува мета на реалност во ,,Ѓаволот носи Прада”, најпродаваниот женски роман на Лорин Вајсбергер, авторката на ,,Секој што е некој”, ,,Во лов по Хари Винстон” и ,,Последната ноќ во ,,Шатo Мармонт””. Андреа е млада девојка која се вработува како лична асистентка на Миранда Присли, уредничката на познато модно списание. Кога за првпат стапнува во кадифените канцеларии во Менхетен, таа не знае ништо. Никогаш не слушнала за најмодерното списание во светот, ниту пак, за нејзината опасна уредничка која се умилкува.

Набргу дознава премногу. Работа која станува пеколна за неа трудејќи се да остане во чекор со исцрпувачкиот распоред и понижувачките барања од страна на нејзината шефица. Безбројните турканици во милионскиот Њујорк, со распоред на низа бесконечни обврски, кафе и чанта со дизајнерски потпис во едната рака, наспроти другата – високо крената во воздух со надеж дека едно такси би се сожалило на неа. На овој начин, Андреа претрпува тешка модна метаморфоза: од нормална девојка со здрав живот, верни пријатели и момче кое ја обожава, во десна рака на највлијателното елегантно чудовиште во модниот свет.

Совршениот изглед и впечатокот кој може да го остави една крајно успешна жена не го оправдува фактот да се биде дотеран ѓавол од глава до пети. И тоа, ни помалку ни повеќе, туку во величествената Прада.

Дали тежнеењето кон совршенство пропратено со амбицијата да се успее се доволен мотив да се напушти ординарниот, но исполнет живот? Дали сјајот на врвот од кариерата е доволно вреден за да пополни празнината во душата? Останува да видиме.

СПОДЕЛИ
Претходна објава12 машки торби кои им се допаѓаат на жените
Следна објава[Филм] Свита
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ