9782266199599Претставува особена реткост егзистенцијата на личност која не умее да ја перцепира вечната борба помеѓу доброто и злото – во свет на екстремни дејствија, земјотресни карактери и карма, приморани сме да разликуваме  добрина од зло, вистина од лага, работа од мрзеливост. Дури со читањето на Данте, преку неговата Божествена комедија влегуваме во свет на посериозно будење типично за ренесансата; но овој пат, комедично искористена подлога за еден интересен викенд-роман кој ја третира истата тематика.

Замислете дека Бог и Луцифер вршат реализација на нивниот последен заеднички предизвик: да се стави крај на нивното вечно ривалство. За таа цел, секој од нив лансира свој агент на Земјата, најдобриот од својот калибар. На Лукас и Зофија им се приложени седум дена да ја исполнат својата “мисија” – впрочем, нивна задача е да ја спроведат последната борба чиј победник ќе завладее со светот. Кој ќе биде, доброто или злото? Господ и Луцифер од своите канцеларии опремени со последна технологија за GPS следење и комуникација, се подготвени на се, дури се и повеќе од сигурни дека може да го предвидат секој чекор, секоја личност, секој настан на Земјата… освен, тоа дека нивните агенти ќе се заљубат еден во друг. На Лук и Зофи преостанува спасувањето на светот, преку неа тој учи да ги почитува своите доблести, а да ги прикрива своите мани кои до вчера му беа првенствен избор при неговото делување; од друга страна, таа од него извлекува поука дека во суштина, мааните не прават тоа што сме, уникатни сами по себе, и дека во суштина – секое зло за добро е, секоја случка во минатото, ќе има свој еквивалент во иднината. Нивните напори да се извлечат од борбата на која беа приморани ги внесува во една нова, сосема поинаква борба, чиј крај е за неколку денови до вечноста…

Спој на романтична комедија и религиска апсурдност, Ви го препорачуваме Леви во категорија: седмиот ден за одмор. Роман кој ќе Ве опушти, ќе Ве насмее и повторно ќе Ве запраша… во каков свет на доминација живееме? Дали сме предодредени од вечната борба или сме сам свој креатор на судбината? Останува да дознаеме, а дотогаш опуштено да уживаме во лесната книжевна комбинација на Леви.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКреативни очила за сонце на Ана Карин Карлсон
Следна објава5 локации од “Game of Thrones” кои вреди да се посетат
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ