Работејќи за еден од најстарите оптичарски дуќан во Лондон, Ана Карин Карлсон стана заинтересирана за очила за сонце. Посебно се воодушеви кога го виде гламурозениот стил на очила од 80-те на својот пријател. Нејзината страст ја запали да отвори своја продавница, каде што таа направи уникатни очила кои го дополнуваат изгледот на модните писти. Со забавни бои и животински принтови, Ана-Карин Карлсон направи сензационални очила за сонце и прекрасни рамки за дипотерски очила, кои изгледаат супер модерни и оригинално во секој поглед.