Ричмонд парк
Колекција инспирирана од дабовите шуми, која го отелотворува чувството на наследност и безвременска романса. Одберете лист кој нежно се обвива околу зглобот, прекрасно извајан желад и лист од даб кои висат на прекрасно синџирче околу вашиот врат или златен прстен во форма на гранче…. Секое парче накит е рачно изработен од 18 каратно злато и е уникатно.
Еva DeCarlo
Неверојатната колекција на Eva DeCarlo e изработена од сребро во форма на цветови, нежни растенија, ливчиња и кора од дрво.
Само едно парче од оваа колекција, како цветни обетки, бразлетна како кора од дрво или прстен во форма на лотус ќе го надополни вашиот стил и ќе ја истакне љубовта кон природата.
Убавината на морето
Швајцарската дизајнерка Philppe Crame, создаде колекција која е инспирирана од подводниот животински и растителен свет. Можете да одберете медуза, корали и октопод, сите изработени од висококаратно злато.
Дрво
Можеби најромантичната збирка во оваа колекција е дело на американскиот дизајнер Aaron Ruff, кој е мотивиран од едноставната убавина на дрвото. Тој создава прстени и ѓердани кои изгледаат како стебло од дрво, со иницијали врежани во неговата кора. Колекцијата е изработена од сребро и може да се нарачаат буквите кои ќе се врежат во кората. Совршен подарок за вашите сакани.
Доколку ви се допадна оваа колекција, ви предлагаме да ја погледнате и колкецијата луксузни прстени инспирирани од бајка, тука.