Најомилен десерт на британското кралско семејство, кој е популарен на дворот веќе 200 години …

Ерата на кралицата Викторија (1837 – 1901), било време на просперитет за британската империја, која благодарение на својата владетелка го достигнала својот највисок културен и индустриски просперитет.

Народот ја обожувал својата кралица, која не само што била една од најуспешните политичари во Англија, туку и најсаканата кралица во историјата. Мажена за принцот Алберт, нејзиното височество владеело сè до нејзината смрт, оставајќи девет наследници и процветана монархија.

Како што е познато, царицата била вистински гурман: наутро и за време на традиционалниот чај во пет часот, Викторија го барала својот омилен десерт – бисквит со џем од јагоди, малини и павлака, кој  буквално се топел во устата.

Десертот се вдомил не само во палатата, туку и низ цела Велика Британија – веќе двесте години подоцна, жителите на оваа земја претпочитаат бисквит со ванила од кралицата Викторија, повеќе од другите колачи.

  • Рецептот ќе одговара на сечиј вкус и ќе биде совршен десерт за почеток на секој ден.
  • Состојки:
  • Путер 250 гр.
  • Шеќер 250 гр.
  • Брашно 250 гр.
  • Прашок за пециво 8 гр.
  • Јајца 4 парчиња
  • Кора од лимон 
  • Екстракт од ванила
  • Малина
  • џем од јагоди
  • Шлаг или маскарпоне
  • Начин на подготовка:
  • Измешајте путер и шеќер, па матете со миксер додека не стане мазна, кремаста смеса. Во смесата додадете 4 јајца и матете со миксер уште една минута. Во смесата додадете брашно и прашок за пециво, ванила и кора од лимон. Подмачкајте сад за печење со путер и наполнете го со тесто. Печете на 190 степени 25 минути.

Оставете го колачот да се излади, а потоа исечете го на 2 еднакви делови. Комбинирајте ги џемот и малините во длабок сад, оставајќи неколку малини за украсување. Премачкајте го колачот со подготвената паста од бобинки. На внатрешната кора намачкајте слатка павлака или маскарпоне.

Свртете го готовиот бисквит, украсете со свежи малини и посипете со шеќер во прав.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрва колекција на Gabrielа Hearst за Chloe!
Следна објаваЏепмерите со “V” изрез – хит на сезоната!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ