Останаа уште неколку недели до пролетта, што значи дека сезоната на лелеави здолништа, проsирни ткаенини и деколтеа ќе започне многу скоро.

Убавината на најновиот тренд е што можете да носите удобни џемпери со  “V” изрез кои ќе ве стоплат и истовремено ќе ви дадат женствен изглед.

За новата сезона, дизајнерите предлагаат свечени џемпери, preppy опции и преголеми варијанти кои можат да се комбинираат со кошули, маици и ролки.

Она што е добро кај џемперите со V-изрез е што тие можат да се носат на многу начини – со тесни панталони или разиграни здолништа.

Altuzarra сугерира да се носи џемпер со длабок V-изрез изработен од фина волна со плисирано асиметрично здолниште и сандали во грчки стил.

Altuzarra

Во меѓувреме, Boss ве советува подетално да го погледнете монохроматскиот изглед во сината палета на бои, спојувајќи лесен џемпер со обичен свилен костум.

Boss
Lacoste покажа џемпер комбиниран со мини здолниште и спортска јакна , а Iceberg се одлучи за поромантична облека која можете да ја одберете за прошетки и да станете хероина на street style хрониката.
Iceberg
СПОДЕЛИ
Претходна објаваОмилената торта на кралицата Викторија која се служи во Бакингемската палата
Следна објаваGucci очила – подготвени за далечни патувања!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ