На некој начин, можеме дури и да кажеме дека оваа лоша состојба ја разбуди креативноста кај многу луѓе, па имавме можност да видиме унгарски ресторан преселен во панорамско тркало за да овозможи практично физичко дистанцирање, Ербас А380 претворен во ресторан за софистицирано јадење и геодетски куполи трансформирани во приватни кабини за задоволство.

Сепак, ниту еден од горенаведените примери не е ни близу 50% Cloud.Artis Lounge Restaurant, создаден како дело на студиото Cheng Chung Design Hong Kong, а кој се наоѓа во кинеската провинција Јунан, во градот Донгфенџун.

Слободно можеме да кажеме дека се чини дека овој ресторан потекнува од некоја измислена сага, со своите ентериери од тули кои личат на пештери, импресивни структури, потпишани од локалниот уметник Луо Ксу и многу други елементи.

Градби како печурки изработени од црвена тула, создадени како дело на споменатиот уметник, му дадоа интересен изглед на целиот овој простор со променлива висина и ширина. Не се користени челични греди или клинци за да се создадат овие цврсти фасади и заоблени контури, освен во рамката на вратата која го пречекува секој гостин со изобилство на амбиентален, природен свет.

Скулптурата на човечка глава сместена во ресторанот ја симболизира мудроста на човекот, а е инспирирана од туристичката атракција Buddha Hand, која се наоѓа во градот Mile.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваInspiring Women Artists Worth Getting to Know-Lida Sherafatmand
Следна објаваАсиметрија и андогини во колекцијата на Sportmax 2021!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ