Спротивностите се привлекуваат …

Во новата сезона, темата за родови разлики е погласна од кога било. Дизајнерите, еден по друг, своите колекции ги посветуваат на контрастите, спротивставувајќи ја мажественоста со женственоста.

Sportmax не беше исклучок во овој поглед – на модната ревија која се одржа во Милано, креативниот директор на брендот Грација Малаголи покажа дека сензуалноста може да стане придружник на силата, а максимализмот оди добро со минимализмот.

Колекцијата се базира на несигурните, но инспиративни дваесетти години, кои, според дизајнерката, станаа наша сегашност. Главниот извор за инспирација на дизајнерката беше делото на тогашната писателка и уметница Клод Каон, жена, чии родови вредности станаа референтна точка за целото човештво (нè потсетува на жените кои се избориле за својата независност во текот на минатиот век: Грејс Џонс, Ени Ленокс, Шинејд О’Конор).

Овие идеи се опипливи преку ткаенините и силуетите: кожата е поставена со мека трикотажа на „машки“ фланел со реси и „искинати“ текстури.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеобичен ресторан за гости кои сакаат да уживаат!
Следна објаваАлберта Ферети: колекција за сезоната есен / зима 2021/2022!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ