Амазон неодамна го претстави дизајнот за следниот дел од своето ново седиште во Арлингон и мора да признаеме дека изгледа неверојатно …

Дизајниран како спирална стаклена кула покриена со дрвја која се издига над панорамата на остатокот од градот, овој облакодер се издвојува од очигледни причини. Зградата го доби името Хеликс заради својата интересна форма која е инспирирана од природната убавина на двојната спирала.

Креирана како дизајн од компанијата NBBJ, која инаку стои и зад просториите на Амазон во Сиетл, во форма на сфера.

Според компанијата, уникатната зграда ќе има две патеки за пешачење низ својот уреден терен што ќе се обвиткува од надворешната страна, а во неа ќе има растенија кои можат да се видат на планините во државата Вирџинија.

Облакодерот исто така, ќе вклучува резиденцијални програми за престој на локални уметници и тури кои ќе бидат отворени за јавноста.

Покрај тоа, ова седиште ќе понуди 280.000 м2 нов деловен простор, распореден на неговите 22 ката. Ќе има позитивно уреден ентериер, изобилство на природна светлина и чувство на поврзаност со надворешниот свет.

Дел од зградата ќе биде и 2,5 хектари земјиште за јавна употреба, кое ќе биде отворено за пешаци, велосипедисти и јавни настани.

Проектот исто така вклучува електрично централно греење и ладење, кое ќе работи благодарение на сто проценти обновлива енергија које доаѓа од соларна фарма.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРекламна кампања на Вивиен Вествуд за пролет / лето 2021 година!
Следна објаваНов Зеланд не сака инфлуенсери на своето острово!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ