За да ја претстави колекцијата пролет-лето 2021, Вивиен Вествуд користеше фотографии снимени од Андреас Кронталер на iPhone …
Самите Вивиен Вествуд и Андреас Кронталер се појавуваат на стилизирани уметнички фотографии, заедно со моделот Вита Леандер и постојаната муза на дизајнерката Сара Стокбриџ.
“Секоја недела ја фотографирам Вивиен за нејзината серијa Big Picture – нејзиниот план да го спаси светот: запрете ги климатските промени. Вивиен ја сака домашната и семејната атмосфера на фотографирање, затоа снимаме дома или во Клапхам Комон”, вели Кронталер.