Нов Зеланд, дестинација со неверојатна убавина и природа, сака нејзините посетители да уживаат во сè што може да понудат, без влијание на ифлуенсерите …

Најновата кампања на Новозеландската туристичка организација промовира иновативни искуства на нејзината територија, наместо посети на хит локалитети кои секогаш се полни со инфлуенсери и прикажани многу пати на социјалните мрежи.

Затоа, Новозеланѓаните ги повикаа инфлуенсерите да свртат нов лист и да се одморат од клишето на објавите на социјалните мрежи. Овој потфат може да им помогне да ги истакнат сликовитете аспекти на нивната земја, наместо да изберат неколку локалитети кои станаа популарни благодарение на социјалните медиуми.

Туристичката организација им ја пренесе својата порака и барање на сите потенцијални патници преку видео, во кое глуми комичарот Том Сензбури, како осамен ренџер во „единица за социјално набудување“, кој ги запира луѓето кои се обидуваат да фотографираат во стилот на инфлуенсерите.

Видеото кое трае 2,5 минути е насловено како „Travelling Under Social Influence”, им кажува на сите посетители на оваа прекрасна земја да ја напуштат својата зона на удобност. Како што вели Сензбури: „Сè ова сум го видел претходно, сите сме го виделе. Ова лето, го апсиме секој кој патува под влијание на инфлуенсерите. Мора да размислите надвор од рамките “, осврнувајќи се на форматот на објавата на Инстаграм.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеверојатен изглед на новиот облакодер на Амазон!
Следна објаваСтилски трендови за време на модната недела во Копенхаген
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ