Посните предјадења се неизоставен дел од секој славски оброк.

Главниот оброк е лесно да се осмисли, но кога станува збор за посните предјадења,  домаќинките често пати  мака мачат со што да ги пречекаат гостите.

Овие феноменални, брзи и лесни рецепти ќе ви заштедат време и труд. Многу вкусни и лесни за готвење, во кои сите ваши гости едноставно ќе уживаат.

Посна руска салата
2 конзерви сардини,
посен мајонез,
4 помали моркови,
4 кисели краставички,
1 поголем компир,
300 гр грашок,
бибер,
сол.

Подготовка
Компирот, морковите и грашокот обарете ги, а потоа исечете ги на помали коцки. Додајте ги ситно сецканите краставици и изгмечените сардини исчистени од опашките, главите и ‘рбетот.
Посолете, додајте бибер, па се заедно измешајте со посниот мајонез. Истурете ја смесата во стаклен сад и остваете ја во фрижидер, барем 1 час пред да ја сервирате салатата.

ПОСНИ ГАЛЕТИ
400 гр брашно
200 мл масло
125 мл пиво
1/2 прашок за пециво
1,5 лажичка сол
50 гр сусам
Подготовка:  Од состојките замесете тесто. Направете топчиња и посипете ги со сусам. Печете околу 20 мин. на 220С.

ПОСНА СОЛЕНА БАЈАДЕРА
800 гр посно сирење
250 гр посен маргарин
200 гр презли
100 гр сусам
1 туна
1 лажичка алева пиперка
3 кисели краставички
свеж магдонос

Подготовка
Сирењето изрендајте го на ситно ренде и изматете го со маргаринот. Поделете ја смесата на три еднакви делови. Во првиот дел ставете ги презлите и сусамот, во вториот дел ставете ја исцедената туна и алева пиперка, а во третиот дел ставете ги исецканите краставици и магдоносот.

СПОДЕЛИ
Претходна објава4 безбедни и совршени дестинации за соло патување!
Следна објаваМодна ретроспектива: стилови на 80-тите години од минатиот век и сега!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР