Соло патувањата ни овозможуваат да го следиме нашиот внатрешен компас и да уживаме во нештата кои само нас нè исполнуваат како индивидуи, без да мораме да се прилагодиме на другите. Овие патувања се одлична можност да запознаеме нови места, култури и луѓе, но и себе самите.

Тие градат доверба, нè охрабруваат да научиме да се потпираме на себеси и да излеземе од нашата зона на удобност. Тие нè прават подобри и оставаат многу спомени кои ќе не следат до крајот на животот.

Навистина се исплаќа да се ослободиме и да започнеме сами да патуваме.

Патувањето соло без придружник е понекогаш најдобриот начин за патување, затоа што ќе можете да уживате во својата дестинација во мир, да видите што ве интересира и да го сторите онака како што сакате.

4 совршени дестинации за соло патување…

Маурициус
Убавината на ова мало острово источно од Мадагаскар го натера познатиот писател Марк Твен да го опише рајот како копија на тоа славно острво. Долгите песочни плажи и чистото море е рецепт за идеален одмор од стресот и проблемите во секојдневниот живот. Во паузите од одморањето, вреди да се истражува егзотичната ботаничка градина Pamplemousses во Порт Луис или да се види традиционален танц наречен Сега, а да се заврши денот со посматрање на зајдисонцето од некои плажи на западната страна на островото.

Торонто
Канаѓаните се сметаат за исклучително драг и љубезен народ и сите во Торонто се чувствуваат добредојдени. Тоа е град во кој нема потреба за страв од осаменост бидејќи е идеално место за создавање нови познанства, од кои некои можат да траат до крајот на животот. Со новите пријатели, можете да погледнете натпревар на хокеј на мраз или заедно да ги посетите најголемите, Нијагарини водопади, само 90 минути од Торонто.

Дубаи
Постојат градови каде што на секој агол се наоѓаат совршени кадрови за фотографирање. Дубаи е еден од овие градови и затоа вреди да се посети без придружба. На тој начин, никој нема да ве брза или да се пожали зошто толку многу фотографирате. Познатите обележја на градот ги вклучуваат највисоките згради во светот, Бурџ Калифа, Бурџ Ал Араб и Фонтаната на Дубаи, но Дубаи исто така нуди и грст разновидни атракции кои со часови може да ги окупира соло патниците.

Возењето во абри, дрвено бротче преку потокот – историското срце на Дубаи и посета на јастребите – на традиционалните пазари vo стариот град ќе обезбеди многу агли потребни за совршени фотографии, но исто така ќе им помогне на посетителите да го почувствуваат здивот на арапската традиција. Посетаta на музеи низ градот или аквариумот во Дубаи, сместен во трговскиот центар Дубаи, се места каде што можат да се направат убави фотографии, како и доживотни спомени.

Нов Зеланд
Посетата на Christchurchu во Нов Зеланд е рај за сите авантуристи. Банџи скокање, рафтинг, гледање китови, планински велосипедизам и возење во балон со топол воздух се само некои активности што можете да ги испробате таму. Меѓутоа, ако пак ве фати замор по адреналинските активности, достапни за разгледување се импресивните гејзери.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОд Kate до Kendall – Liu Jo i Kendall Jenner заедно слават 25 години!
Следна објава3 Посни и вкусни предјадења што ќе ги воодушеват вашите гости!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР