Морската сол е средство кое ја храни зрелата кожа, ги отстранува нечистотиите и ги чисти порите, истовремено враќајќи ја нејзината сјајност и еластичност.
Имено, морската сол содржи натриум, мала количина калциум, бакар, магнезиум и селен, а кога се користи во форма на маска за лице, совршено го отстранува вишокот на себум и ги отстранува мртвите клетки на горниот слој на епидермисот.
Редовната употреба на маска за лице која содржи морска сол, се докажа дека го подмладува лицето без да одите на козметичар или дерматолог.

За да ја подготвите маската, потребна ви е ситно мелена морска сол, за да спречите повреда или гребење на кожата, а оваа сол лесно се спојува со други состојки.
Растворете 1,5 лажици сол во литар топла вода и добро измешајте. Потоа, натопете памучна крпа во таа вода и ставете ја на лицето 10 минути, а пред тоа нанесете тенок слој на хидратантна крема.
Многу едноставна, но сепак исклучително ефикасна!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР