Јогурт, свежо исцеден сок од портокал, кафе и кроасан се храна која звучи како совршен избор за појадок или прв оброк во денот.
Но, нутриционистите предупредуваат дека ако ги консумирате на празен стомак, можете да направите повеќе штета отколку добро.

Поточно, производот од тесто што содржи квасец ќе не надуе, но, не и најаде.
Слатките, ќе го зголемат нивото на инсулин и ќе го нападнат панкреасот, кој сè уште е во фаза на будење, а јогуртот, иако е здрав, ќе ја нападне млечната киселина доколку се консумира на празен стомак.

Понатаму, овошјето е полно со растителни влакна кои инаку се здрави и потребни во нашето тело, но рано наутро може да ја оштети желудочната слузница, а зеленчукот како доматот е полн со танинска киселина, која во никој случај не се препорачува наутро, додека зелениот зеленчук е полн со аминокиселини, кои по консумирање на празен стомак може да доведе до надуеност и ждригање.

Консумирањето зачинета храна на празен стомак, исто така, не се препорачува затоа што ќе го зголеми произведувањето на киселина во желудникот и ќе предизвика проблеми во дигестивниот систем.

Газираните пијалоци и агрумите се строго забранети затоа што ги напаѓаат слузниците, го забавуваат протокот на крв во стомакот и со тоа го забавуваат варењето на храната, а долгорочно може да предизвикаат гастритис и чиреви на желудникот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВладо Јаневски ве кани на фестивалот „Мозаик“ во СЦ „Борис Трајковски“
Следна објаваПриродна маска која го чисти и подмладува лицето!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР