Marriott International штотуку го отвори JW Marriott Maldives Resort & Spa, ново спектакуларно одморалиште на Малдиви кое се наоѓа на приватниот остров Vagar…

Новото одморалиште со пет везди е всушност првиот имот на JW Marriott на Малдиви и е тропски рај кој се наоѓа на само 55 минути од Мalea. Одмаралиштето располага со шеесет луксузни вили, сите со приватни базени, дрвени платформи за сончање, модерни удобности, неодолив декор и неверојатен поглед.

Постојат два вида вили со Overwater Pool, дуплекс или еднокатна, со поглед на прекрасните азурни бои на Индискиот океан, додека вилите на плажа нудат директен пристап до беспрекорните плажи.

Се разбира, секој гостин може да ужива во специјалните фитнес и спа-удобности, теретана сала над водата, павиљон за јога на отворено и познатата Спа од JW. Сесии за јога, вежбање или уживање во бањата, се само некои од достапните опции.

Одморалиштето JW Marriott Maldives, исто така, нуди пет ресторани кои служат широк спектар на кулинарски ѓаконии – од класична морска храна на Малдиви или егзотична тајландска кујна до јапонски тапанаки, интернационална кујна и пица во печка на дрва.

JW Marriott Maldives Resort & Spa има и сопствен клуб, соба за ужибање во цигари и пури и маси за билијард.

Ако повеќе уживате во авантура, тогаш морскиот биолог кој е секогаш присутен, бидејќи го надгледува здравјето на природниот гребен околу островот, може да организира интересни авантуристички нуркања.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваZ Zegna: Нова колекција со тема личност и индивидуализам!
Следна објаваМодна ноќ на невести во Скопје: Македонски блогерки во венчаници од соништата
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР