Свадбените фантазии на познатата инфлуенсерка Никица Ацева и моделот и блогерка Ангела Ѓоргиева станаа реалност, во пресрет на гламурозниот настан што ќе се одржи на 8 февруари (сабота) во Skopje Marriott Hotel. Во специјално изработениот едиторијал, како најава за шоурумот и ревиите во склоп на програмата, тие блеснаа во ним омилените креации од сите учесници.

Никица Ацева промени четири стилски различни, ама подеднакво убави и раскошни тоалети од ателјето „Al Aparel“ на Наташа Карчева, бутикот за венчаници „Лебед”, косовскиот бренд „Menakon Creations“ и ателјето „Anna Bora“, пред да го изговорат „судбоносното да“ со саканиот Дамјан Стојанов, стилизиран во елегантен црн костум од „Bitsiani“, како секогаш добитна формула за младоженици.

дизајн: Al Aparel, фото: Marina Trajkovska

Софистицираниот и уникатен италијански накит од „SIGMA Jewelry“, пак, го облагороди и му даде посебно луксузна нота на нејзиниот целокупен изглед. Ангела Ѓоргиева, од друга страна, oсобено си го препозна сензибилитетот во венчалните фустани со потпис на „МCouture“, издвојувајќи ги личните фаворити кои таа би ги носела на свадбената церемонија во блиска иднина, пред објективот на фотографот Богдан Глишиќ.

дизајн: Lebed, фото: Marina Trajkovska

дизајн: Menakon Creations, фото: Marina Trajkovska

Креациите на споменатите дизајнери и брендови, но и многу повеќе, јавноста ќе има можност да ги погледне, а и купи на претстојното издание на The Bridal Fashion Night, кое ќе се одржи наредната сабота во Skopje Marriott Hotel. Што е на програмата? По осми пат во месецот на љубовта, хотелот во срцето на метрополата ќе им ги отвори вратите на сите идни невести, кои не се само во потрага по фустанот од мечтите, туку и мноштво идеи и поволности за венчавка како од бајките.

дизајн: MCouture, фото: Bogdan Glisik

Главна новина на настанот е шоурумот во текот на денот, кој ќе трае од 13 до 18 часот. Влезот е слободен. Посетител(к)ите ќе бидат во прилика одблизу да ги разгледаат колекциите, како и да „грабнат“ понуда со големи попусти од изложувачите. Меѓу нив се вбројуваат и „Мy Precious“, романтичното ателје и продажен салон, во чии парчиња накит е вткаена љубовта кон животот, природата и убавината, односно „Каталеја“ со богата палета на свадбени детали и украси за сечиј вкус и желби.

 дизајн: Anna Bora, фото: Marina Trajkovska

По завршувањето на шоурумот, Skopje Marriot ќе организира и Bridal Cocktail во претседателскиот апартман, со почеток од 18 часот, кадешто идните невести ќе имаат можност да ги дознаат сите бенефити и предности, како и кратка презентација за организација на свадба во хотелот. Сите невести што ќе организираат свадба до крајот на мај 2020 година, ќе добијат дополнителен попуст од 5% на веќе промотивното свадбено мени од 1500 денари по лице.

 дизајн: Sigma Jewelry, фото: Marina Trajkovska

Вечерните часови се стандарно резервирани за модните ревии, поточно сценското шоу на кое публиката од земјата и странство премиерно ќе ги види најновите модели на венчаници и свечени фустани за тековната и идната сезона. Пријавувањето за влезници е веќе во тек, а сите заинтересирани за присуство може да аплицираат преку социјалните мрежи на Тhe Bridal Fashion Night и Skopje Marriott Hotel.

дизајн: Al Aparel & Bitsiani, фото: Marina Trajkovska

Марина Трајковска е идеен автор на кампањата „Marry Мe“, чии заштитни лица се Никица Ацева и Дамјан Стојанов, oвековечувајќи ја нивната љубовна приказна на автентичен начин. За занесната шминка се заслужни „Школа за убавина АРТ”, додека фризурите се дело на вештите раце на тимот од студиото „Cool Cut”. Чевлите во кои тие го одиграа првиот танц ги обезбедија „Shevro“ и „Dias“. Прекрасните флорални аранжани и букети ги изработи Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа–Бу”.

дизајн: MCouture, фото: Bogdan Glisik

„Пелистерка“ е официјалната вода на сите вистински невести. „Moet“ и понатаму останува присутен во сите важни моменти во животот. Ниту една свадбена веселба не поминува ни без ексклузивните партнери – винаријата „Vizba Valandovo Winery“ и ракија „Антика’.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправете пауза од реалноста во новото одмаралиште на Малдиви!
Следна објаваЧетири филмови за Скопје Синема Сити Загревање 2020
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР