Во време кога целиот свет се опоравува од веста дека милиони животни настрадаа во пожарите во Австралија, одморот во дивината може да биде еден вид утеха.

Anantara Golden Triangle Elephant & Resort во Тајланд, создаде совршен пакет за оваа намена и е уникатно и досега невидено искуство. Овој имот им дава можност на своите гости да ја поминат ноќта гледајќи ги слоновите во нивната природна средина.

Гостите ќе бидат безбедни во проsирните Jungle Bubbles, каде ќе кампуваат и ќе ги набљудуваат слоновите кои си ја гледаат својата работа.

Секако гледањето на чистото sвездено небо додека спие целиот свет, ќе биде идеален бонус.

Овој имот се наоѓа на 160 хектари древна џунгла во северниот дел на земјата, на височина, што им дава можност да набудуваат две речни теченија – Меконг и Руак, како и три земји – Тајланд, Лаос и Мјанмар.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBurberry ја претстави новата кампања во чест на кинеската Нова година 2020!
Следна објаваНајскапите чевли на светот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР