Да се посети Куба, значи како да се се вратиле во минатото …

Првите асоцијации за Куба на сите ни се: цигари, рум, коктели, плажи со песок, салса, револуција, Че Гевара и Кастро, но, Куба нуди многу повеќе.

Вистинската Куба најдобро може да ја запознаете патувајќи долж крајбрежјето, шетајќи по улиците и разговарајќи со локалното население.

Одлучете се за прошетки по улиците на старата Хавана, ритамот на саласа во клубовите на Тринидад или за коктели и цигари на плажите на Кајо Ларго … Куба сигурно нема да ве разочара.

Поголемиот дел од земјата е ист како во времето кога ембаргото стапило на сила, а оваа дестинација ја одликува луксузна архитектура и природна убавина.

Кубанските плажи со бел мек песок, кристално море и корални гребени, спаѓаат меѓу најубавите плажи на Карибите, а најпознато место за одмор е Варадеро.

Исто така Куба може да се пофали со спектакуларни национални паркови, како  Националниот парк Хумболд со уникатната флора и фауна, кој е под заштита на Унеско.

На гастрономите им познато дека кубанската кујна е мешавина на шпански, афрички и карипски начини на приготвување на храна, која се базира на морски плодови. Националното јадење се вика ахаико креолито, комбинација на зеленчук со месо, додека едно од најпознатите јадења е ориз со пиле – Ароз кон поло.

Невозможно е да се биде на Куба, а да не заиграте во ритамот на салса, меренгуе или бачата.

Овој хедонистички рај е создаден за бегство од реалноста и создавање спомени кои никогаш нема да ги заборавите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваAperol Spritz е совршен летен пијалок!
Следна објаваDolce & Gabbana: Модна кампања есен/зима 2019!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР