Земаме идеи од најпознатите модни блогери!

Дали веќе знаете што да облечете за следното патување или лет? Патување секогаш е примамливо, но понекогаш е тешко и долго, па мора да ја изберете вистинската облека. Да изгледате елегантно, а во исто време да не се чувствувате непријатно, тоа е вистинската лекција на која модните блогери можат да нè научат.

Повеќето од нив постојано патуваат, а сепак, овие девојки успеваат да изгледаат модерно, дури и ако имаат два куфера и огромен рачен багаж. Мислевме дека ќе бидете заинтересирани за главните правила на модните патници и ќе ги примените на вашата гардероба кога размислувате за патување.

Ако сакате многу стилски фотографии од аеродроми или железнички станици, погледнете го нашиот избор.

Спортски шик: Тренерките не се само за тренинзи. Нивната предност е што дури и ако вашиот авион / воз биде одложен, се уште можете да почекате во комоција и стил ако имате интересна комбинација од панталони и маици. Не заборавајте на удобни патики кои ќе го надополнат вашиот шик стил.

Целосно во црна облека

Црната облека секогаш изгледа добро. Прво, не мора да се грижите за комбинациите на бои и отпечатоци, и второ, дури и ако има некои “проблеми” со вашата облека (дамки од кафе / храна, итн.), тоа нема да биде забележливо. Ова е практичната страна на total black look. Но, не заборавајте дека со црна облека можете да одберете апсолутно секој моден додаток, на пример, Федера шапка и торба со светли отпечатоци.

Лесна облека

Ако ве чека долго и исцрпувачко патување, облеката треба да биде лесна и опуштена. Што е со кратките шорцеви во урбан стил и топови со големи ракави? Ништо необично, а расположението веднаш станува летно.

Во авионот со вас можете да земете лесна сламена торбичка, ви која можете да ставите фластери, балзам за усни, термална вода, телефон и пасош.

Беж облека

Не може да го замислите своето патување без фустан? Тогаш имаме совршена опција за вас. Лесен фустан од природна ткаенина во комбинација со блејзер, ќе биде одличен придружник на секое ваше патување. А да изгледате поелегантно, можете да ја врзете јакната со контрастен појас. Ве советуваме да одберете беж комбинација,  бидејќи оваа боја дава свежина дури и на најинтересниот изглед.

Ведри бои

Зошто да не се комбинира спортскиот стил со нешто светло и шарено? На пример, можете да комбинирате класични хеланки со мајца. Сето ова може и треба да се надополни со бели патики и едноставен и минималистички накит.

Погледнете повеќе идеи во галеријата:

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваOlivia Culpo е најубавата жена на светот!
Следна објаваВнесете топли тонови во детските соби!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР