Од Селена Гомез до Ел Фенинг …
Црвениот килим во Конгресната палата сјаеше од познатите гости и дијамантите на нив. Поводот беше официјалното отворање на филмскиот фестивал во Кан, кој започна со проекција на филмот “Мртвите не умираат” од Џим Џармуш.
Главните ликови на новиот филм им позираа на фотографите на црвен килим – Тилда Свинтон, Селена Гомез и Клои Севињи.
Друг важен херој на црвениот тепих кој го привлече вниманието на фотографите, стана L’Oreal Paris (брендот е главен партнер на фестивалот секоја година).
Ел Фенинг, Ева Лонгорија и други амбасадори на брендот изгледаа заносно. Sвездите одбаа класика: лесни кадрици во косата и елегантни фризури, црвен кармин или неутрална шминка.
Селена Гомез, беше со класично нашминкани очи со туш (со ретро стрели), а моделот Изабел Гулар се појави со шминка – “smoky eyes “. Нејзината шминка беше во тон со фустанот.
Погледнете како изгледаа другите ѕвезди …