Во центарот на градот Mszczonów во Полска, кој се наоѓа на 40 километри од Варшава, ќе биде отворен најдлабокиот базен во светот.
Количината на вода што ќе ја има е еднаква на водата содржана во 27 базени.

Според тамошните медиуми, базенот ќе биде длабок 45 метри, што е пет метри подлабок од претходниот досегашен рекорд, од страна на базенот во Италија.

Сепак, овој базен ќе го држи рекордот само шест месеци, бидејќи отворањето на Blue Abyssa во Велика Британија наскоро ќе биде длабок 50 метри.

Базенот ќе има 8.000 литри вода, а ќе има и подводен тунел. Хотелските соби, рестораните и конференциските сали ќе имаат поглед кон овој базен и ќе бидат достапни за секого, а не само за нуркачите.

“Сакав да одам подалеку, да планирам за иднината, а не само за денес. Во човечката природа е да се издолжат границите, да со оди подалеку”, изјави John Vickers,  човекот кој го конструираше и дизајнираше базенот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХрабри и полни со самодоверба во новите модели на Steve Madden!
Следна објаваПриказна за едно острво!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР