Покрај фактот што островската земја Малдиви полека тоне во водите на Индискиот океан, тоа не ги спречува инвеститорите да вложуваат во нови интересни проекти. Во март оваа година ќе биде отворен новиот резорт `The Waldorf Astoria Maldives Ithaafushi` кој ќе се состои о 138 луксузни вили распространети на три посебни островчиња во склоп на Јужните Мали Антили.

Во склоп на овј хотелски комплекс ќе биде отворн и ресторан кој ќе биде сместен на вештачки изградени стебла. Овие необични градби ќе преставуваат интимни места и на посетителите ќе им овозможат да уживаат во спектакуларната глетка кон Индискиот океан.

Малдиви Република Малдиви e островска земја која се состои од 26 атоли во Индискиот Океан, југозападно од Индија и околу 700 км западно од Шри Ланка. 26-те атолски групи на Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња, од кои околу 280 се населени – 200 со домашно население и 80 со хотелски комплекси. Со површина од 298 квадратни километри и со 328.500 жители, Малдивите се најмалата и намалубројната земја во Азија.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР