Рованиеми е мал град во Финска, познат како “официјален” роден град на Дедо Мраз …

Сепак, главниот град на Лапонија е дом и на првите целосно електрични моторни санки, наречени eSled. Според дизајнерите на овој дизајн, електричните санки може да се движат од 10 до 25 километри со едно полнење, а благодарение на нивниот електричен погон, тие не создаваат бучава или загадување на воздухот. Градот Рованиеми е исто така познат како локација за набљудување на поларната светлина, а санките eSleds се одличен начин за истражување на градот и снежните шуми без загадување на животната средина. Компанијата од овој град наречена Aurora eMotion ги нуди овие санки на туристите, како дел од сафари пакетот, за да на еколошки го истражат Арктичкиот регион..

Оваа компанија е основана во 2010 година, а четири локални инженери се одговорни за креирање на овие електрични санки. “Посебно во туризмот, постои еколошко гледиште кое ве наведува да го посетите овој кревок дел од светот, без да ја уништите природната тишина и самото чувство да уживате во длабочината на шумата”, вели Оли Хавико од Aurora eMotion. Овие санки беа наградени со наградата Prestigious Arctic Design Company of the Year.

За жал, засега не знаеме дали овие санки се достапни за купување, или само можат да се изнајмуваат.

СПОДЕЛИ
Претходна објава`The Waldorf Astoria Maldives Ithaafushi` се отвора во март 2019
Следна објаваМузиката на Галоски поддржана од суперстар диџеите Дејвид Гета и Ники Ромеро
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР