Не стивнуваат позитивните реакции за музиката на нашиот најистакнат диџеј со светска кариера, диџеј Галоски. Последниот музички новитет е дека една од најголемите глобални музички ѕвезди  Дејвид Гета го поддржа неговото најново издание насловено како ‘Shake It Down’. 

Темата е во соработка со српскиот продуцент Ra5tik и официјално излегува на 15ти февруари преку италианската издавачка куќа Art & Music Recordings.

Ова не е првпат име од калиброт на Дејвид Гета да го поддржи нашиот диџеј и продуцент, но е поттврда за големината на нашиот артист. Следната недела веќе е најавена и премиера во радио емисијата на холандскиот супер-стар диџеј и продуцент Ники Ромеро.


Инаку ‘Shake it Down’ e првото издание од веќе најавените изданија за 2019та на Галоски, следно издание е на издавачката куќа на Армин ван Бјурен – Армада Мјузик.

Галоски последниве неколку години важи за еден од најистакнатите музирачи од земјава и е именуван како едно од најбрзо растечките диџејски имиња од Југо-источна Европа, само минатата година имаше настапи во повеќе од 25 земји ширум светот, вклучувајќи и настап на реномираниот светски Ултра Мјузик фестивал во Сингапур.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИстражете ја природата на Финска на електрични санки!
Следна објаваLouis Vuitton jа претстави новата кампања за сезоната пролет / лето 2019!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР