Овогодинешната церемонија на доделување на Grammy наградите што ќе се одржи на 10 февруари во центарот Staples во Лос Анџелес, ќе ја води американската пејачка Alicia Keys.

“Многу сум возбудена што ќе бидам водителка на најголемата вечер во светот на музиката, славејќи ја креативноста, моќта и магијата”, рече Keys.

Првиот човек на Grammy Neil Portnow изјави дека со години, преку кариерата на Alicia Keys гледал како таа станува моќна сила во музичката индустрија и пошироко.

Овогодинешните номинации за Grammy наградите ги предводат претставниците на светската хип-хоп сцена. На списокот доминира Kendrick Lamar со осум номинации за неговата работа на саундтракот за филмот “Black Panther”, а веднаш зад него се најде Drake со седум номинации. По нив следат продуцент Boi-1da и Brandi Carlile со шест номинации, додека Cardi B, Childish Gambino, H.E.R., Lady Gaga, Maren Morris, producent Sounwave и Mike Bozzi имаат по пет номинации.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛана Дел Реј во новата кампања на Gucci!
Следна објава3 важни работи кои сте ги научиле од својата сестра!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР