Наскоро ќе разговарате со вашите очила за сонце, a тие ќе ве слушаат.

Ако очите се навистина прозорци на душата, можеме да кажеме дека ушите се страничните врати. Компанијата Bose се посвети на видот и слухот, кога работеше на својот последен проект, линија на очила со аудио способности.

Првенствено познати по своите неверојатни звучници и слушалки, брендот Bose сега ги спои технологијата и футуристичките инклинации, кога ги претставија очила Frames, кои се најновата играчка за возрасни.

На прв поглед, овие очила не откриваат што сè тие нудат. Во нив дискретно е скриено беспрекорно персонално аудио искуство. Како што велат од овој бренд, без користење на било кој уред кој оди во вашето уво, овие очила ќе ви овозможат да уживате во богат, беспрекорен звук кој ќе ви биде достапен само вам, што значи дека нема никому да му пречите со својот музички избор.

И не само тоа, овие очила ќе имаат нешто што се вика Bose AR, а претставува платформа на аугментонова реалност, која ќе го претвори звукот во нешто што веќе постои во физичкиот свет. Ако ова не ви е јасно како на нас, ќе мора да бидете трпеливи, бидејќи брендот ќе ги дебитира првите AR сценарија на почетокот од следната година.

Во однос на дизајнот, овие очила се прилично едноставни. Два стила се во понудата – Алто и Рондо, изработени од најлон, можат да се поврзат преку Bluetooth и имаат леќи отпорни на гребење и удари, а ги одбиваат UVА и UVB зраците. Металните детали им даваат шик изглед. Исто така, овие очила содржат микрофон, така што лесно можете да управувате со вашиот Google асистент или Siri без никакви помошни помагала.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваCartier колекција како омаж на историјата!
Следна објава`Calzedonia`-новитети за пролет/лето 2019
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР