Крокодилскиот мотив на брендот Картие доаѓа со многу интригантна приказна, која се случила во парискиот бутик на Картие во 1975 година, кога мексиканската актерка Марија Феликс влегла внатре со чудна придружба – бебе крокодил во аквариумот …

Феликс побарала од јувелирот на овој бренд да ги изработи лицето, главата, телото, нозете и опашката на крокодилот, колку што е можно слично, во уникатен ѓердан само за неа. Резултатот бил ѓердан составен од два крокодила околу вратот, а кој може да се носи одделно, како и брошеви.

Кога станува збор за брендот Картие, едноставноста е passe, а гламурот е in. Еден од двата крокодила кои го сочинувале овој ѓердан, бил изработен од 18 каратно жолто злато и украсен со повеќе од илјада жолти дијаманти, од 60,02 карати. Вториот крокодил бил изработен од 18 каратно бело злато и украсен со 1060 смаради, од 66,86 карати. Дури и рептилните очи се создадени од рубини и смарагди.

Се разбира, Марија Феликс била воодушевена од ѓерданот кој го носела со години, а денес тој е дел од ексклузивната колекцијата на Картие.

Инспириран од Марија Феликс и ова неверојатно парче накит, брендот Картие создаде уникатна колекција, омаж на Марија Феликс, со четри парчиња накит, со помош на ретки смаради од Колумбија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРеализирани активности во рамките на ,,Европската година на културното наследство 2018“
Следна објаваBOSE претставува футиристички паметни очила!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР