Најубавиот период од годината пристигнува!

Откријте ги најдобрите Божиќни пазари во Франција. Уживајте во нивните божиќни декорации, нивните убави новогодишни елки, побарајте оригинални новогодишни подароци за целото семејство во една од најдобрите дестинации за Божиќ во Франција.

Ние ги избравме овие четири божиќни дестинации за вас, а вам ви преостанува да се препуштите на уживањето.

Colmar

Божиќната магија во Colmar e лоцирана во Стариот град кој е осветлен и украсен како во бајка. Амбиентот е магично создаден со божиќните илуминации кои во овој празничен период се вклопуваат хармонично со прекрасното осветлување.

Avignon

За време на неделите пред Божиќ и НоваГодина, Avignon е совршено украсен!На пазарите на Божиќ, занаетчиите ги нудат сите видови производи за да го прослават Божиќ: совршена храна, гурмански прехранбени производи и регионални специјалитети, новогодишни елки, новогодишни подароци и другo.

 

Mulhouse

Со исклучителни украси изработени од уникатна ткаенина во Alsace, празнично осветлување и многу анимации, Mulhouse дефинитивно е место за доживување на Божиќната магија.

Уникатноста на божикниот пазар на Mulhouse доаѓа од неговата врска со својата богата индустриска текстилна историја. За ова 25-то издание, ѕвезда ќе биде секако оваа конкретна ткаенина.

Metz

Влезете во духот на празничната сезона и уживајте во најтоплото добредојде кога ќе ги посетите божиќните пазари на шесте главни плоштади во градот. Погледнете ги скулптурите од мраз на замрзнатата бајка, а потоа загрејте ги студените раце околу топол зачинет пијалак или вино.Нека осветлувањата ги бркаат мрачните зимски денови и вие уживајте во прошетка низ магичната шума.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИЗЛОЖБА НА СЛИКИ ОД ЛИКОВНИОТ УМЕТНИК СЛАВЧО МАКСИМОВСКИ
Следна објаваСвет: Модни моменти кои ја обележаа 2018 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР