Оваа година беше полна со интересни моменти во модниот свет и ние само можеме да се надеваме дека таква ќе биде и следната …

Ние ви прикажуваме 5 најважни моменти од модниот свет во 2018 година:

Лејди Гага на премиера на филм во Лондон
Ниту една модна топ листа не може да помине без Lady Gage па така ниту оваа. Во Англија, на премиерата на филмот Sвездата е родена, каде што ја толкува главната женска улога, таа се појави во креација инспирирана од викторијанската ера. Таа изгледаше како вистинска кралица во овој фустан на Александар Меквин украсен со пердуви, бисери и златни детали.

Славење на женското тело на модната ревија на Ријана
Модната ревија за долна облека на Savage X Fenty беше најзначајниот настан на овогодинешната Модна недела во Њујорк, поради моделите кои Ријана ги избра. Имаше жени од различни возрасти, бои на кожата, форма на телото, па дури и оние кои беа бремени.

Серена Вилијамс на УС Опен
Серена се појави на тенискиот терен во дизајн на познатиот креатор Виргил Абло, основачот на модната куќа Off-White. Таа наизменично носеше два фустана во кои изгледаше како модерна верзија на балерина. Еден фустан беше во црна варијанта, а другиот во боја на лаванда.

Венчаницата на Меган Маркл
Целиот свет со нетрпение ја чекаше кралската свадба, која исто така е еден од главните настани на оваа година. Меган не нѐ разочара кога влезе во едноставен  бел фустан со долги ракави, дизајн на модната куќа во Живанши. Така, таа ја покажа својата скромност и склоност кон класичната елеганција.

Met Gala
Најважниот моден собир оваа година го доби и своето најдраматично издание до сега. Темата беше Небесни тела: Модата и католицизмот. Така, Карди Б изгледаше како светецица, Зендаја изгледаше како Јованка Орлеанка, а Ријана се облече во стилската верзија на папата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБожиќ во Франција!
Следна објаваФенг шуи: Што ни носи кинеската година на свиња во 2019!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР