Кога Палермо ја доби титулата Главен град на културата 2018, неговиот градоначалник рече: “Сите победивме”, додавајќи дека најважниот аспект на градската култура на Палермо е нејзината “култура на добредојде”.

Палермо има многу богатства кои ги чекаат посетителите. Значи, еве ја причината да се отпатува на југ од Италија и да се посети овој град, кој до крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби.

Богата историја

Ова може да се каже за поголемиот дел од Италија, тоа е вистина, но она што е посебно за Палермо е начинот на кој многу различни народи и култури оставиле белег во овој град. Неговата стратешка воена и трговска позиција привлекувала освојувачи од целиот свет, вклучувајќи ги и Картагенците, Грците, Римјаните, Нормандијците, Французите, Германците и Шпанците.

Секоја група имала влијание врз градската архитектура, јазикот и уметноста, што значи дека културните знаменитости на градот се различни и дека е фасцинантно  да се види како секоја од овие различни култури оставиа белег.

На пример, шпанските окупатори го нарекоа еден од плоштадите Piazza Pretoria (Плоштад на срамот) поради статуата на сирените и нимфите од 16 век, иако ова име се однесува и на корупцијата на тогашните градски власти.

Цркви
Мешаните западни, исламски и византиски стилови се причина зошто многу цркви во овој регион имаат статус на Светско наследство на УНЕСКО, а многу од нив можат слободно да се посетат.

Автентична Италија

Животот се одвива на отворените пазари во градот, а најпознатите се живописните Vucciria, Ballarò и Capo, каде што можете да купите различни овошја, зеленчук, како и одлична стара облека. Вдишувајте мириси и бои и уживајте додека шетате и разгледувате.

Ботанички градини
Најголемите ботанички градини на Италија се наоѓаат во Палермо. Истражете ги 25 хектари на Orto Botanico, Winter Garden, Giardino Inglese или Villa Bonnan со впечатливи палмини дрвја.

За храната и плажите воопшто да не ви кажуваме, тоа мора да го искусите на лице место …

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОтркиен 2018 Dream Angels Fantasy Bra на Victoria’s Secret!
Следна објаваМОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ ОБЈАВУВА ОТВОРЕН ПОВИК
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР