Ако сте дизајнер од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија, Грција, Романија и Турција и Вашата цел е меѓундародна презентација и развој на брендот, тогаш Вашето место е на шоурумот „ОБЕДИНЕТА МОДА“.

ШТО СЕ СЛУЧУВА : Моден викенд Скопје кој е дел од интернационалното здружение кое го реализира проектот „Обединета мода“ (United Fashion ) и идната година ќе биде домаќин, обајвува отворен повик за сите домашни и регионални дизајнери кои ќе земат учество за време на Моден викенд Скопје од 29 март до 1 април 2019 година.

Со нашите партнери ќе одбереме 36 регионални и дизајнери од Европа (Белгија, Франција, Португалија, Фландрија, Латвија, Германија и Велика Британија) кои ќе бидат учесници на шоурумот во Скопје за да го презентираат и запознаат модниот (текстилниот) пазар на Југоисточна Европа.

Шоурумот ќе го посетат интернационални купувачи и претставници на медиумите. Исто така селектираните учесници ќе имаат шанса да учествуваат на средби за вмрежување и работилници.

Активностите ќе вклучат презентација на ЈИЕ пазарот од страна на професионалците од индустријата, презентации од селектирани локални производители, посета на фабрики од страна на селектираните дизајнери и букирани Б2Б средби помеѓу дизајнерите учесници и локалните производители.

НАШАТА ЦЕЛ: Главната цел на проектот „United Fashion SEE Showroom“ во Скопје, 2019 година е промоција на модните дизајнери од Југоисточна Европа пред интернационалните купувачи и претставници на медиумите како и поврзување на дизајнерите од Европска унија со македонските фабрики. Проектот зазема пристап за зајакнување на конкурентноста преку мулти-државна соработка меѓу поединците и малите и средни претпријатија во модниот сектор во регионот и за промоција на ЈИЕ како една економска област на меѓународната сцена.

КОИ СЕ НАШИТЕ ПАРТНЕРИ: Освен Моден викенд Скопје дел од проектот „United Fashion“ се европските здруженија за поддршка на модната индустрија: MAD Brussels (Белгија), Flanders DC (Фландрија), ModaLisboa (Португалија), Baltic Fashion Federation (Латвија), Maison de Mode (Франција) , Fashion Council Germany (Германија) and Not Just A Label (Велика Британија).

„Обединета мода“ ја доби и поддршката од програмата „Creative Europe“ на Европската унија.

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ : Апликацијата и повеќе детали ќе најдете на следниот линк:

DOWNLOAD  UF Application form | Fashion Weekend Skopje 2019
DOWNLOAD  UF Production Survey | Fashion Weekend Skopje 2019
DOWNLOAD  UF Open Call | Fashion Weekend Skopje 2019

Пополнетата апликација испратете ја на info@fashionweekendskopje.mk и  info@united-fashion.eu , најдоцна до 5 декември, 2018 година.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПалермо – Главен град на културата за 2018 година!
Следна објаваХуманитарен концерт на „Охридско лето“ со врвните руски уметници Синчук и Науменко
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР