Патувањето низ Англија, Велс, Шкотска и Ирска на есен може да биде особено спектакуларно. Пејзажите не само што вклучуваат бескрајни зеленила, високи планини и безброј замоци, некои во мистериозна руина, на есен сето тоа е надополнето со шаренила во златно-зелени нијанси. Доколку се одлучите да патувате во овој регион, посетете ги овие дестинации.

Cotswolds, Англија

Регионот Cotswolds во Англија е составен од нежно коси, живописни зелени ридови полни со безброј стада со овци и некои од најубавите села во Англија.

Долината Wye, Велс

Регионот Cotswolds е источно од границата на Велс. Патувајте до долината Wye и ќе бидете зачудени од величествената глетка, официјално позната како област на извонредна природна убавина, со безброј можности за фото-разгледници.

Национален парк Snowdonia, Велс

Националениот парк Snowdonia е северозападно од долината на Wye и е дом на најголемата планина во Велс. Пополнет е со некои од најневеројатни пејзажи во земјата, со девет планински венци, шуми, езера и долини.

Национален парк Loch Lomond and the Trossachs, Шкотска

Вашата следна станица е северно од Глазгов, Шкотска, нациналниот парк Loch Lomond and the Trossachs. Ова е еден од најголемите и еден од најубавите национални паркови, познат по своите неверојатни планински предели и повеќе од 20 езера. Најпознат е делот Loch Lomond со кристално чисти води овековечени во многу песни.

Мостот на Orchy, Шкотска

Само кратко возење на север, до Мостот на Orchy, село длабоко во Highlands, кое се карактеризира со високи планини, древни замоци. Магична убавина која не може да се опише со зборови.

Националen парк Cairngorms

Североисточно од Мостот на Orchy, Cairngorms е најголемиот национален парк во на Велика Британија, и дом на пет од шестe највисоки врвови во Шкотска, и четири од вкупно 10 од највисоки врвови во Велика Британија. Исто така, може да се пофали и со импресивните езера и реки, шуми, обработливо земјиште, како и изобилство на диви животни.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКапути во тренд за претстојната зима?
Следна објаваАлбумот на Битлси “Sgt Pepper” е прогласен за најпопуларен британски албум во историјата
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР