И зимата наскоро ќе пристигне, а ниедна жена кој држи до својот стил, нема да дозволи да влезе во сезоната без еден добар капут.
Вистина е дека ќе ви биде подеднакво топло ако носите и јакна од пердуви, но секоја жена знае дека капутот е столбот на зимскиот гадеробер.
Првите впечатоци секогаш се многу важни, а капутот зборува за тоа каков е вашиот стил, сем што првенствено ве штити од студ.
Прво, треба внимателно и умно да го одберете капутот, без оглед на широкиот спектар на различни стилови, бои, кроеви и должини. Второ, одберете го тој кој ви стои како втора кожа.
Кратките капути и до колена, најдобро им одговараат на жените со ниска градба, додека високите жени се благословени и можат да носат пократки и подолги верзии. Долгиот капут може да ја проголта силуетата на ниската жена, затоа внимавајте на тоа.
Погледнете кои се стилови ги препорачуваат светските модни дизајнери и дизајнерските куќи за претстојната есен и зима:
-капути во стилот на 70-тите години на минатиот век
-ригорозни машки кроеви
-минимализам
-капути во бои
-волумен
-камел капут
-морнарско тегет
-кариран капут
-црн капут