Борбени, храбри, воинствени, симболи на отпорот- тоа се карактеристиките на африканските кралици кои со своето владеење ја смениле историјата на своите народи.

1.Нефретити, (Nefretiti)

Таа е најпознатата жена во африканската историја. Била сопруга на фараонот Аменхотепа(Ehnaton). За нејзе е познато дека била најмоќната фигура во тоа време, а по својата мудрост и никој не успеал да ја надмудри. Освен што била позната по својата извонредна убавина, таа ја вовела за прв пат револуцијата во својата земја и со тоа ја променила историјата на Египет засекогаш. Била контроверзна личност, за едни била хероина додека за други била сметана за предавник и верски фанатик.

Успеала да изгради цел град во сред пустина. Нефретити оставила длабока трага и во египетската уметност. Во уметничките дела кои тогаш биле создавани човекот бил преставен во својата вистинска природа а не како идеализирано божество.

Таа е запамтена и по големите верски реформи кои ги вовела. Таа го вовела монотеизмот верувањето во еден Бог, а тоа е Богот Атон.

2. Амина (Amina),Кралица на Нигерија

Кралицата Амина која владеела во 16век, е всушност принцезата  од Zaria која ја градела својата кариера како војсководка. Како професионален војник таа учествувала во скоро сите воени походи на соседните замји. Главна цел и била јакнење на трговските врски на подолг период. Иако добивала многу брачни понуди таа не сакала да влезе во брак бидејќи мислела дека така ќе ја изгуби својата моќ на војување.

3. Хатшепсут, (Hatsheput)

Контоверзната владетелка на Египет , првата жена фараон која покрај Клеопатра е најзвучното име во Египетската историја. Нејзиното владеење го одбележало владеењето на мир и благосостојба, а трговијата била главна гранка со која се занимавало тогашното население.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР