Стариот начин за поттикнување на растот на косата, со намирница која сите ја имаме  во својата кујна е оризот, кој е широко распространет во Јапонија, но во последниве години и низ целиот свет.
Постојат многу трикови за убавина и за стимулирање на растот на косата со состојки кои обично се користат за готвење, а некои народи, од дамнина го користат циметот, куркумата и други намирници.

Јапонките, според нивната древна метода, го користат оризот за да го стимулираат растот на косата.

Оризот се вари, а водата во која се варел оризот се чува на страна.
По миењето на косата со шампон, масирајте го скалпот на главата со водата од оризот, а потоа нанесете ја и на остатокот од косата. Оставете ја оризовата вода да отстои неколку минути, а потоа исплакнете ја косата со обична вода.

Резултатот ќе ве воодушеви, бидејќи косата уште по првиот пат ќе биде сјајна и помека, а по некое време ќе забележите дека расте многу побрзо.

Повторете ја постапката секогаш кога ќе готвите ориз, бидејќи оваа техника не може да и штети на косата.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГлавните тениски ѕвезди и нивните омилени часовници!
Следна објаваMARC JACOBS – колекција пролет/лето 2019!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР