Елитните брендови на часовници секогаш се подготвени да ги претстават своите најдобри модели на зглобовите од најдобрите тенисери, па често ги ангажираат како амбасадори, плаќајќи милиони долари за договори со нив.

Сепак, по секоја веројатност, рекламите кои така ги добиваат, вредат за сите пари. На пример, US Open го имаат гледано 700.000 во живо, а нешто помалку од еден милион гледачи дневно, преку телевизиски преноси. Всушност, финалето на жените оваа година беше проследено со 1,9 милиони луѓе. Самиот турнир доби 18 милиони интеракции на социјалните медиуми и над 92 милиони прегледи на видео снимките. Кога ќе го земате сето ова во предвид, тогаш не е ни чудо што најголемите брендови се натпреваруваат за своите пет минути на теренот.

Главните тениски ѕвезди неверојатно се одани на своите спонзори. Роже Федерер, на пример, е амбасадор на Rolex со години наназад, додека Серена Вилијамс се спријатели со  брендот Audemars Piguet во 2014 година. Рафаел Надал носи скапи модели на Richard Mille на неговиот зглоб од 2010 година, а еден кој е изработен  наменски за него, со цена  од 525.000 долар, го изгуби на Rogers купот одржан во Торонто во 2008 година, додека моделот вреден 370.000 долари, Richard Mille RM027 за малку ќе го изгубеше во 2012 на French Open турнирот.

Овој пат, ние ви ги претставуваме главните тениски ѕвезди и нивните омилени часовници.

Richard Mille и Rafael Nadal

Rolex и Roger Federer

Audemars Piguet и Serena Viliams

Seiko и Novak Djokovic

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубавите фустани на 70-тото доделување на наградите Emmy!
Следна објаваКако да се забрза растот на косата?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР