Планинскиот синџир Hornocal Mountain Range во Аргентина е туристичка атракција заради својот неверојатен изглед.

Serrania Del Hornocal се наоѓа во близина на градот Humahuaca во провинцијата Jujuy во Аргентина, во близина на границата со Чиле и Боливија.

Овој планински синџир е обоен во единаесет бои (11 различни слоеви на карпи), а најдобрата позиција на набљудување е од блискиот рид кој се наоѓа на надморска височина од 4.300 м.

Hornocal, поради прекрасниот спектар на бои, повеќе личи на платно отколку на карпеста формација. Кога гледате на планината, изгледа како да гледате оптика мамка и добивате чувство дека низ самата планина продира различен спектар на бои од врвот.

Заради нејзиниот надреален изглед,  Serrania Del Hornocal е еден од најзабележливите делови на долината на Quebrada de Humahuaca.

Целата долина на Quebrada de Humahuaca е дел од светското наследство на UNESCO, а има и остатоци од човечки населби стари и до 10.000 години.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМила Јовович во новата кампања на Кензо есен/зима 2018!
Следна објаваPublic Room – оваа седмица 03.09. 2018
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР