Редизајн на бренд-идентитетот на познатиот “Burberry” се случи после скоро две децении, а сето тоа под палката на новиот креативен директор Riccardo Tisci, кој патем ја превзеде водечката позиција во компанијата од Christopher Bailey после 17 години.

Зад ребрендирањето стои британскиот дизајнер Питер Савил, кој на пошироката јавност и е познат како автор на корицата на легендарниот албум на “Unknown Pleasures” на култната музичка група Joy Division. На Питер му било дадено само месец дена да го осмисли новиот дизајн. Како резултат на напорна работа е новото минималистичко лого со кратенко од “Sans Serif”.

Кога станува збор за монограмот тој е инспириран од поранешните материјали на брендот. Ефектот од новиот дизајн предизвика различни реакции кај модните новинари и потрошувачите, од бројни критики на социјалните мрежи па се до воодушевување, но Рикардо цврсто застана во одбрана на делото на Савил, нагласувајќи дека тој е еден од најголемите дизајнери на денешницата.

Погледнете како изгледа, дали вам ви се допаѓа?

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР