Престижното списание Condé Nast Traveler креираше листа на 10 најубави земји во светот.

Меѓу земјите на оваа листа се  Хрватска, Норвешка, Костарика, Филипини, Јужна Африка, Мароко, Малезија, Чиле, Танзанија …

Еве што го истакна познатото списание како задолжителна препорака за секоја земја, без разлика дали станува збор за нејзините природни убавини, кулинарски специјалитети, архитектура, растенија или животински свет …

Хрватска
Во Хрватска, мора да ги видите Плитвичките езера. Националниот парк Плитвице е нешто што не треба да го заобиколите.

Норвешка
Во Норвешка, осигурајте се дека го посетите фјордот Геирангер, една од најубавите и најпосетените туристички атракции во оваа земја.

Грција
Секое од 6000-те острови на Грција има уникатна панорама. Уживајте барем на една од илјадниците плажи или посетете ги планините во областа Епир.

Костарика
Истражете го подводниот свет во кристалните води на Кокосовото остроово. Но, ако нуркањето не е вашиот омилен спорт, посетете едно од 100-те заштитени локалитети во оваа земја.

Филипини
Уживајте во панорамата на каскадните оризови полиња во Банау или уживајте во возењето низ Манила.

Танзанија
Планината Килиманџаро, како и 4 милиони диви животни ќе ве остават без текст во оваа источноафриканска земја.

Јужна Африка
Биолошката разновидност на оваа земја е магична. Постојат 9000 различни растенија, како и 300 видови на цицачи.

Чиле
Почувствувајте ги најубавите зајдисонце во пустината Атакама или видете ги пингвините на островот Пунта Томбо, каде се наоѓа колонија од околу 500.000 пингвини.

Мароко
Посетете го синиот град Шефшауен, кој само додатно ја истакнува сликовитата  сценографија на оваа мистериозна земја или истражувајте ја Сахара.

Малезија
Националниот парк Канабалу е дом на 5000 видови ретки растенија, додека ветерот кој дува над Камерон висорамнината мириса на јагоди и еукалиптус.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХартиени скулптури на уметник од Истанбул!
Следна објаваBurberry со ново лого!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР