Димитрије Бужаровски – Радомировиот псалтир оп. 47, Македонија

Предворје на црква Св.Софија

08.08.2018

21:00 ч.

Ораториумот Радомировиот псалтир op. 47 од Димитрије Бужаровски е изработен врз текстот на ѓаконот Радомир од втората половина на XIII век. Тој се смета за еден од последните старословенски ракописи кои се испишани во старата кирило-методиевска традиција кои потекнуваат од Македонија. Бужаровски користи неколку псалми и оригиналните текстови на Радомир за слободно да го конципира сижето на овој ораториум. Димитрие Бужаровски (1952) е еден од најплодните македонски композитори со над 70 опуси во кои спаѓаат и четири симфонии, три ораториума, седум концерти, две опери и два балета, поголем број на сонати и циклуси на соло песни.  Ораториумот „Радомировиот псалтир“ е единственото македонско дело кое било номинирано за најпрестижната светска награда за композиција „Grawemeyer Award“ во 2003 година од американскиот Луизиана тех. универзитет.

Псалтирот ќе биде изведен од хорот и оркестарот на Македонската опера и балет, предводени од диригентката Бисера Чадловска.

Како солисти ќе настапат сопраните: Славица Петровска – Галиќ, Весна Ѓиновска -Илкова, тенорот Благој Нацоски и басот Владимир Саздовски, сите со впечатлива меѓународна изведувачка кариера. Во изведбата учествува и хорот „Пиколо“ подготвен од Весна Димчевска

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBurberry со ново лого!
Следна објаваGucci – Футуристички размислувања, културни референци и глобални акценти!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР