Вечерва 04.08.2018 на Охридско лето Музички концерт на „Синтезис“ -Антички Театар 04.08.2018 21:00 ч.

Синтезис е една од најпознатите македонски групи што стекнаа и светска афирмација. Во своето музицирање групата се потпира врз традиционалната македонска музика, но во комбинација со современи аранжмани при што ги употребува речиси сите традиционални македонски инструменти: кавал, гајда, зурла, тапан, тарабука и тамбура. Основан е во 1995 година со цел да ги промовира народните музички вредности на Македонија. Истражувајќи длабоко во корените на македонското народно музичко наследство, со задржување на основните обележја на традиционалните композиции, и потоа – „облекувајќи“ ги нив во модерни, инвентивни и квалитетни обработки и аранжмани, Синтезис добива нескриени признанија каде и да настапува, – во Македонија и во светот. На нивниот репертоар се среќаваат стари, заборавени, а понекогаш дури и дотогаш нечуени македонски народни песни кои се дел од богатото македонско културно наследство. Бендот е составен од професионални музичари. Како признание за огромниот придонес на Синтезис за афирмација на македонската музичка култура, во 2006 година Стопанската комора на Македонија му ја додели на бендот почесната титула „Амбасадор на македонската култура“.

 

Програма:

  1. Јано јадовице
  2. Остров
  3. Филма мома
  4. Димо љубит
  5. Садила Јана
  6. Слиљана ми се армаса
  7. Мори моме
  8. Ме фатије
  9. Блажена горо
  10. Помолиме Бога маца
  11. Думардија
  12. Имала мајка
  13. Мома Катерина
  14. Во наше село
СПОДЕЛИ
Претходна објаваФеј Данавеј во нова Гучи реклама!
Следна објаваСо концерт на „Синтезис“ фестивалот „Охридско лето“ го слави 58-от роденден !
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР