Со концерт на „Синтезис“ фестивалот „Охридско лето“ го слави 58-от роденден
Охрид, 4. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со концерт на етно составот „Синтезис“ фестивалот „Охридско лето“ денес ќе го прослави 58-от роденден.

Иако предвидено да се одржи на Античкиот театар, концертот поради временските неприлики ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21:00 часот. Останатите детали ќе бидат соопштени на денешната прес конференција.

 
Речиси шест децении оваа наша најголема музичко – сценска манифестација зад себе испишува богата историја со славни имиња од светската музичка елита и врвните театарски креации. Секоја година 40-те фестивалски денови се празник на уметноста.
 
Првиот концерт на фестивалот „Охридско лето“ е одржан на 4-ти август 1961 година, со настапот на оперската певица Ана Липша Тофовиќ. „Охридско лето“ веќе 58 години се развива по нагорна линија, прераснувајќи во манифестација која претставува пример како треба да се негува и одржува еден фестивал.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваВечерва на Охридско лето: Музички концерт на „Синтезис“!
Следна објаваМода за месец август!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР