Езерото со облик на “полумесечина” или “синото сибирско око” како што многумина го нарекуваат се наоѓа во јужен Сибир. Тоа е Бајкалското езеро, најдлабокото и најголемото езеро на светот. Се простира на површина од 31.500 квадратни метри и зафаќа околу 20% од целокупната светска површина на слатки води. Непроценлив природен ресурс, не само за Русија туку и за целата земјина топка.

Со кристално чиста вода прозирна и до 40 метри езерото е богато со преку 1600 животински видови, а некои од нив можат само тука да се сретнат. Температурата на водата достигнува до 10`C во мај месец непосредно по топењето на снеговите. Во него живеат околу 2.700 риби од кои 60 видови опстојуваат само тука и никаде на друго место во светот. Тамошните рибари најмногу ја ловат  рибата (Amul), која најмогу наликува на крапот, и главно јадење на менито на населението.

За сите вљубеници кои сакаат да уживаат во оваа божествена убавина ќе им биде потребен цел месец за да ги запознаат сите предели на езерото. На шумскиот видиковец на езерото се пружа величествен поглед на оваа рајска убавина. Покрај неговото крајбрежја најчесто можат да се видатлисици, елени и мечки.

Геолозите имаат интересна теорија за езерото. Тие велат дека тоа во иднина би можело да стане океан.

Погледнете ја оваа убавина и уживајте во овој рајски призор!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР