Без оглед на тоа колку години имате работно искуство и колку сте професионални, секогаш постои мала доза на трема, позитивна возбуда кога почнувате нешто ново.

Ако сакате сè да биде како што треба и малку да се потсетите пред промените што доаѓаат, тогаш имаме неколку совети за вас.

За некои, ова се можеби ситници, но тие можат да влијаат на вашиот однос кон новата работа. Некои работи можат да направат да се чувствувате  подобро, понекогаш тоа е сако, кошула, квалитетна деловна торба или интересен планер.

Истражете добро со што точно компанијата се занимава и дознајте повеќе за другите сектори.
Се разбира, кога веќе сте ја добиле работа, знаете каде одите, но важно е да се подготвите малку повеќе пред да тргнете на работа. На тој начин ќе покажете дека  сте заинтересирани за целата ваша нова компанија и слично. Така, можете да оставите многу добар впечаток.

Купете најмалку едно ново парче облека (сако, панталони, кошула)
Би требало да купите некое ново парче облека, чисто заради чувството дека некои промени доаѓаат во вашиот живот. За првиот работен ден, би требало да се облечете така, како што би сакале да изгледате за време на целиот ваш работен век. Се разбира, многу е важно да се информирате однапред за кодексот на облекување во фирмата, доколку го има.

Купете нов планер и нова торба
Планерот сигурно ќе ви биде потребен уште првиот ден. Сигурно нешто ќе запишете.  Исто така, треба да имате нова деловна торба. Одберете ја онаа торба, која што на некој начин вас ве опишува, што значи дека не мора да биде обична црна торба. Одберете торба во некоја весела боја, поинаква форма или модел. Ќе се чувствувате подобро со новата деловна торба, а другите ќе забележат дека се грижите за малите нешта и дека сте внимателни, што подоцна може да влијае на понатамошниот напредок во таа компанија.

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМагичното острово Аруба е прво на нашата листа на желби!
Следна објава“Бајкал”- Синото сибирско око!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР