3 намирници кои ќе ви помогнат при опстипација!

3 намирници кои ќе ви помогнат при опстипација!

Опстипација или запек е се почеста појава, а се јавува како последица на забрзаниот начин на живот, неадекватната исхрана, слаб внес на течности, како и недостатокот на физичка активност.

Влакната од билките се најзаслужни за редовна столица, бидејќи тие влијаат на конзистентноста на столицата, заради способноста да се врзуваат со водата. На овој начин, се набабрува и се зголемува износот на столицата и ја потикнува работата на дебелото црево.

3 намирници кои се одличен извор на растителни влакна:

Лен
Ленот го содржи витамин Е и витамините од Б групата, потоа калциум, магнезиум, калиум, цинк и фосфор. За неговата ефикасност во случај на овој проблем, највредните се растителни влакна.
Ленот може да се измеша со јогурт, кефир или обична вода и да се користи секој ден  неколку недели, додека да се постигнат резултатите.

Chia семиња
Многу популарно во последно време, семето на chia, може да биде состојка на скоро секој оброк заради својот неутрален вкус. Богато е со растителни влакна и антиоксиданти, а содржи многу магнезиум, што е многу важно кај опстипацијата  бидејќи тој доведува до раздвижување на цревната содржина. Дневно консумирајте до 20 грама chia семе.

Пченични трици
Пченичните трици се мелнички производ во производството на жито, што всушност е надворешната обвивка која има исклучително висока содржина на растителни влакна и претставува одличен лек за запекот и елиминирањето на токсините од телото.
Дневната потреба за растителни влакна кај луѓе кои имаат опстипација изнесува 30-35 грама.

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Бајкал”- Синото сибирско око!
Следна објаваДали некогаш сте виделе поинтересен автомобил?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР