По повод стогодишнината од првите наоди во археолошкото наоѓалиште Требеништа, Охридско, во ноември оваа година ќе биде организирана изложба каде ќе бидат презентирани на јавноста познатите артефакти како што се златните маски, бронзените кратери и многу други луксузни предмети.

Некрополата обилува со преку 400 оргинални предмети кои датираат уште од VI век п.н.е. За нив е познат фактот дека биле изнесени од нашата земја во првата половина на XIX век,и најпрво се наоѓале во Софија за потоа да бидат преместени во Белград. Историјата вели дека во 1918 година бугарски војник за прв пат сосема случајно открил дел од овие артефакти во Оридскиот регион. Во 1927 година двајца бугарски археолози за прв пат ги публикувале овие пронајдоци, за во 1930 српскиот ареолог Никола Вулиќ да продолжи со ископувањата. При тоа тој открил шест нови гробници со луксузни предмети.

Наоѓалиштето крие многу одговори на многу прашања за кое историчарите го сместуваат во рамките на митовите. Овој проект на Археолошкиот музеј отвора нови перспективи и можности за соработка на соседните земји кои биле вклучени уште од самите почетоци на овие ископувања.

Поради огромната вредност на предметите и артефактите, музејот разгледува опции за осигурување на истите за кои неопходно ќе бидат потребни и државни гаранции.Треба да напоменеме дека за оваа изложба се интересираат и многу странски држави и преставници од музеите во Франција, Германија и други.

Изложбата во Македонија ќе биде отворена пет-шест месеци, во 2019 година ќе биде поместена во Софија, а потоа во Белград.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР