Сет од природни бисери кои некогаш и припаѓале на француската кралица Марија Антоанета ќе бидат изложени за продажба во аукциската куќа “Sotheby” во Женева.

Во соопштението на куќата се вели дека накитот не бил изложен цели два века односно 200 години. Владетелката е позната по тоа што често била портретирана на уметничките платна со бисери кои пак биле повеќе ценети и од дијамантите во тоа време. Покрај бисерниот гердан, ќе биде изложен и дијамантски брош кој е составен од бисери и дијаманти.

Аукцијата ќе се одржи во ноември оваа година во Женева, а се прогнозира дека цената ќе достигнe и до вртоглави два милиони долари.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР